| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантно откритие: Бил Клинтон, Џорџ Буш, Џими Картер и Барак Обама се подалечни роднини на кралицата Елизабета !(видео)

Бриџ Ен Д’ Авинон е 12-годишно девојче кое дојде до револуционерно откритие во генеалогијата, а тоа е дека сите американски претседатели се роднини, односни сите влечат исто потекло и се поврзани со британслкиот крал од 12 век. Станува збор за британскиот крал Џон Лакланд Плантагнет кој стапил на тронот во 1166 година.

Досегашните гносеолошки истражувања успеале да поврзат 22 претседатели во сродни врски, но Бриџ Ен успеа да ја докаже поврзаноста на сите американски претсседатели со британскиот двор, освен еден. Тоа е осмиот претседател на САД, Мартин ван Бурен, кој според истражувањето на Бриџит Ен тој не е во сродство со ниту еден претседател.

Бриџ Ен обработила преку 500 имиња и презимиња во текот на своето истражување. „Конспираси клуб“  (Conspiracy Club) пишува дека е општо познато дека Бил Клинтон, Џорџ Буш, Џими Картер, па дури и Барак Обама се подалечни роднини на кралицата Елизабета и дека ова откритие на 12-годишното девојче претставува извонредно сознание.

Во текстот за Бриџ Ен Д’Авинон се потсетува дека „National Geographic“ во едно свое истражување докажа дека сите луѓе на планетава потекнуваат од еден човек и тоа од африканскиот континент. Овој предок е наречен „научен Адам“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top