Во длабочините на Амазон постои село по име Македонија, кое ја собрало убавината на целиот свет. Селото се наоѓа на брегот на колумбиски Амазон и има 800 жители, од кои речиси половина се помлади од 18 години. Живеат од риболов, лов и занаетчиство. Училиштето и црквата се единствените јавни места во селото. Автомобилот е непознат поим во густата амазонска џунгла.
Во овој регион на Амазон од крајот на 19 век живеело едно семејство од племето Тичуна, чие презиме било Македо, пишува порталот сајт Радиоласити.
Членовите на семејството прво станале католици под влијание на мисионери, а потоа преминале во евангелисти, па ги конвертирале и другите Тичуна-семејства што дошле од соседните области во Бразил и Перу и се населиле со нив во истото село.
Тие почнале да ја проучуваат Библијата во групи, а кога стигнале до писмата на апостол Павле до Солуњаните и Филипите во Новиот завет биле импресионирани кога првпат го прочитале зборот Македонија. Така во 1975 година, сите семејства што живееле заедно во езерското село одлучиле своето село да го наречат Македонија, сметајќи дека се единствените Македонци во светот. Така е создадена амазонската Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)