Археолозите ја отстранија мермерната плоча од погребната ложа на Христа во Црквата на Светиот гроб во Ерусалим, поставена во XVI век, пишува списанието National Geographic, пренесува „Макфакс“.
Според сознанијата, мермерната плоча била поставена во 1555 година и досега не била поместувана. Причината поради којашто била поставена плочата е тоа што многу аџии се обидувале да откршат за себе дел од реликвијата. По отстранувањето на плочата, научниците биле изненадени увидувајќи под неа многу камен материјал.
Во Кувуклијата, капелата каде се наоѓа Светиот гроб, во моментов траат реставраторски работи, кои се планира да бидат завршени до пролетта 2017 година. Во текот на претстојните проучувања, научниците планираат да појаснат од што се состоела оригиналната површина, на којашто, според писанијата, три дни лежело телото на Исус Христос, како и да дознаат зошто света Елена решила токму на ова место да е локацијата на Светиот гроб, пишува магазинот.
Капелата првично била подигната над местото на коешто е погребан Исус Христос, во IV век. Таму се наоѓа особено почитуваната меѓу христијаните плоча, под којашто се наоѓало местото на погребението. Секоја година, почнувајќи од IV век на Велика сабота тука се случува чудесното и мистично појавување на Благодатниот оган.
Дрвената капела неколкупати страдала од напади на противниците на христијанството, а исто така и во пожари и земјотреси, и неколкупати била повторно градена. Последниот пат е возобновена во 1810 година. Ова здание двапати страдало од земјотреси, а по стихијата од 1927 година, капелата е зајакната со челични греди.
Според Евангелието, по смртта на Христа неговото тело било положено во една од погребните пештери вдлабени во планината. Имено, таму на третиот ден се случило Воскресението на Исус. Се смета дека света Елена којашто во IV век водела ископувања на планината Голгота, го открила таму крстот на кој бил распнат Христос, а пота на тоа место го основала храмот на Светиот гроб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)