И денеска продолжуваат средбите со граѓани кои ги остваруваат високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Владо Мисајловски оствари средба со жителите на село Василево.
Тој подвлече дека ВМРО-ДПМНЕ постојано е на терен и нивната цел е да се сретнат со што е можно поголем број на граѓани во поголем број населени места.
– Да ги чуеме изворно проблемите на граѓаните, како и предизвиците и новите идеи за нови проекти. Ние сме во самиот завршеток на правење на програмата и станува збор за една од најголемите програми кои што ќе ги има Македонија. Новата Влада ќе има многу проекти кои што ќе треба да се реализираат и тоа се проекти кои што доаѓаат директно од граѓаните. Се работи за проекти кои што се во инфраструктурата, градинки, нови болници, појасни Мисајловски.
Додава дека тие настапуваат со позитивна енергија и позитивни проекти и токму затоа постојано се на терен. Позитивни проекти наместо црни сценарија.
– Токму затоа гледаме дека поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е многу голем. Граѓаните препознаваат што треба да се направи и што им треба во нивните животи и дека не им треба да се скараме помеѓу себе, вели Мисајловски.
Република Македонија прави премогу реформи, а тоа го покажуваат и извештаите на Светска Банка/Дуинг Бизнис. Резултатите од таквите политики се одлични.
– Општина Василево е една општина која што привлекува и домашни и странски инвеститори кои што тука купуваат градежни парцели. Таа е една од општините кои што ги има продадено скоро сите парцели и има нови работни места, заклучува Мисајловски.
Министерството за транспорт ќе помага во тој дел, додава Мисајловски, се со цел да се доближат до секој оној кој нема работа да има можност да добие свое работно место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)