| четврток, 6 декември 2018 |

Почна саемот за студии и туризам „Добредојдовте во Франција“

Францускиот институт во Скопје денеска, (27 октомври), во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски – Скопје“ го отвори Саемот за студии и туризам „Добредојдовте во Франција!“.

Свеченото отворање се одржа денеска напладне со пригодни говори на Н.Е. г-дин Кристијан Тимоние, Амбасадор на РМ во Макеоднија, и на Пиштар Лутвиу, Министер за образование и наука на РМ

Саемот е одлична прилика за запознавање со сите можности за студирање во Франција, со програмите за стипендии и практични прашања за студентскиот живот директно од претставниците на француските универзитети и студенти кои завршиле на престижните француски универзитети, потоа за здобивање информации за ниските школарини и едноставните процедури при упис, и особено за можностите за студентска пракса во француски компании во земјава и надвор.

Освен информации за студии во Франција,  на овој ден ќе биде претставен туристичкиот потенцијал на Франција како прворангирана светска туристичка дестинација, преку презентација на три региони: Корзика, Нормандија и Алзас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top