Помладиот брат на поранешниот јапонски император Хирохито, принцит Микаса, почина изутринава на 100 годишна возраст, соопшти императорската канцеларија.
Принцот Микаса бил хоспитализиран уште во мај поради пневмонија, а денеска неговата состојба драстично се влошила.
Микаса е роден на 2 декември 1915 година. Тој е чичко на сегашниот император Акихито и беше петти во линијата за наследување на престолот.
Брат му Хирохито владееше во период од над 60 години се до неговата смрт во 1989 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.