| четврток, 6 декември 2018 |

Почна вакцинирањето против сезонски грип: За три часа над 300 скопјани примиле вакцина

Три часа откако почна имунизацијата против сезонскиот грип, во скопскиот центар над триста скопјани примиле вакцина.

Најголем број од нив се постари лица кои редовно, со години примаат вакцина.

Д-р Лилјана Лазаревска од Центарот за јавно здравје во Скопје, вели дека е очекувано најмногу мешаница во првите денови на имунизацијата.

– Набавивме пет илјади дози. Вакцината е препорачана за сите кои сакаат да се заштитат од грип, хронично болни, оние со намален имунитет, лица кои чуваат бебиња до 6 месечна возраст, здравствени работници, и сите кои на работните места имаат контакт со многу лица – вели д-р Лазаревска.

Вакцината чини 400 денари и штити од три типа на вирусот (2А и 1Б). Државата набави 26.900 вакцини од холандски производител.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top