Три часа откако почна имунизацијата против сезонскиот грип, во скопскиот центар над триста скопјани примиле вакцина.
Најголем број од нив се постари лица кои редовно, со години примаат вакцина.
Д-р Лилјана Лазаревска од Центарот за јавно здравје во Скопје, вели дека е очекувано најмногу мешаница во првите денови на имунизацијата.
– Набавивме пет илјади дози. Вакцината е препорачана за сите кои сакаат да се заштитат од грип, хронично болни, оние со намален имунитет, лица кои чуваат бебиња до 6 месечна возраст, здравствени работници, и сите кои на работните места имаат контакт со многу лица – вели д-р Лазаревска.
Вакцината чини 400 денари и штити од три типа на вирусот (2А и 1Б). Државата набави 26.900 вакцини од холандски производител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.