За првпат по повеќе векови, научниците ја откопале површината која се смета дека била гробницата на Исус Христос. Таа се наоѓа во Базиликата на Светиот Гроб во стариот дел на Ерусалим и била покриена со мермерна плоча од 1555 година наваму, а веројатно и векови пред тоа.
-Мермерот која ја покриваше гробницата беше изваден и бевме изненадени од количеството на материјал за пополнување под него“, изјавил археологот Фредрик Хајберт. „Тоа ќе биде долга научна анализа, но конечно ќе можеме да ја видиме оригиналната карпеста површина на која, како што пренесува традицијата, било положено телото на Христос.
Според христијанската традиција, телото на Исус Христос било положено во гробница издлабена во вароничка пештера, веднаш по неговото распнување од страна на Римјаните во 30 или 33 г. н.е. Според христијанското верување, Христос по смртта воскреснал, а жените кои дошле да го помажат неговото тело три дена по погребот, јавиле дека неговото тело го нема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.