| четврток, 6 декември 2018 |

Швајнштајгер премина во навивачи

shvajnstajger

Германскиот интернационалец во редовите на Манчестер јунајтед Бастијан Швајнштајгер е во немилост на менаџерот Жозе Мурињо. Уште пред почетокот на сезоната Португалецот му порача на Швајни дека нема да смета на него во новата сезона, иако е меѓу тројцата најплатени играчи на „црвени ѓаволи“ со годишна заработувачка од повеќе од 14 милиони евра.

Сепак тоа не го обесхрабрува Германецот и поранешен капитен на „панцирите“ да продолжи да го бодри својот тим. Откако минатата недела беше виден во Белград како го следи кошаркарскиот натпревар меѓу Партизан и Олимпија и притоа му е врачен дрес од „црно-белите“ со неговото име, тој синоќа беше на „Олд Трафорд“ да ги бодри своите соиграчи во рамките од Лига купот на Англија против градскиот ривал Сити.

shvajnstajger-1

Безрезервната подршка што Швајни редовно им ја упатува на своите другари од клубот покажува за колку голем човек станува збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top