| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли ја шокираше јавноста: Ги отстранив двете гради

Триесет и седумгодишната холивудска убавица ја шокираше јавноста откривајќи дека ги остранила двете дојки поради опасност да заболи од рак.

Во нејзиното признание, објаевно во „Њујорк тајмс“, вели дека го презела овој чекор затоа што била загрижена за генетската наследност што ја носи во себе, односно нејзината мајка починала од рак на 56-годишна возраст пред околу една деценија. Ѕвездата се решила на таков чекор откако лекарите ѝ соопштиле дека  го носи во себе генот BRCA1, што значело дека има 87-процентни шанси да заболи од рак на дојка и 50 проценти од рак на јајчници.

Џоли вели дека нејзиниот „сакан“ партнер Бред Пит бил крај неа за време на операциите, кои биле извршени во изминатите три месеци за отстранување на нејзините гради и за вградување импланти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top