Халил Рафати (46) денеска е мултимилионер и сопственик на синџирот бар сок-барови Санлајф ориџинс, а пред само неколку години живеел без кров над главата и бил зависник од хероин.
Тој е роден во Толедо, а од семејниот дом избегал во Лос Анџелс, зашто преживеал силување. Заработувал некое време така што продавал автомобили на богати луѓе, но набрзо му се урнал животот, зашто пробал хероин.Кобна била 2001, кога на една домашна журка во малибу намерно се предозирал и за малку што не умрел. Наредните пет години се обидувал да се исчисти, но неуспешно. Се се сменило кога влегол во светото на здравата храна.
-Во тој момент веќе го бев допрел дното. полошо не можеше, раскажува тој за Њујорк тајмс. Потоа одлучил да основа дом за трезни во Малибу, каде што и ги создал заштитниот знак на својот синџир барови – смутито Вулверин.
-Целта ми беше да ги освежам пациентите кои престојуваа кај мене. Во првите денови на трезнењето летаргијата е честа и брутална, посебно кога се извлекувате од длабоко дно по злоупотреба на алкохол и дроги и затоа овие здрави бомби многу помагаат, објаснува богаташот кој за својата одисеја ја напишал книгата „Заборавив да умрам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.