Екипата на Фенербахче продолжи да победува во Евролигата, но еден од најдобрите кошаркари на тимот, Богдан Богдановиќ, доживеа повреда и би можел да биде оддалечен од паркетот подолго време.
Бекот на турскиот гигант го повреди зглобот, а навивачите со нетрпение чекаат на деталните прегледи. Тренерот Жељко Обрадовиќ соопшти дека се надева на добри вести, меѓутоа не е оптимист околу ситуацијата.
– Немаме точна информација, но повредата на Богдан изгледа доста сериозно. Нема да биде во тимот во петок против Галатасарај, тоа е сигурно – изјави Обрадовиќ.
Богдановиќ се повреди на мечот против Жалгирис, во еден дуел со францускиот кошаркар Лео Вестерман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.