| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазената девојка во центарот на Скопје се бори за живот

nesreka

Дваесет и тригодишната Ќ.А. од Прилеп е девојката која вчера вечерта беше прегазена на пешачки премин во близина на Соборниот храм. Според последните информации, таа е тешко повредена.

Од полицијата информираат дека сообраќајната несреќа се случила околу 22 часот на булеварот „Климент Охридски“ кога 32-годишниот Љ.С. управувајќи „голф“ удрил во девојката.

Младата прилепчанка итно било пренесена во Ургентниот центар, каде ѝ се контатирани тешки повреди, внатрешно крвавење во главата, фрактура на череп, фрактури на десна потколеница и десно рамо. Извршена ѝ е хируршка интервенција и се наоѓа надвор од животна опасност.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top