Еден од најпознатите актери во регионот, Србинот Небојша Глоговац изјави дека не сака да соработува со актерите во странство, ниту со оние во Србија кои се спремни да работат филмски проекти во кои сериозни теми се третираат површно.
Тој изјави дека Американците не може да сфатат што се случува во секој дел од светот, додавајќи дека никогаш нема да учестува во филмови на Холивуд каде што Србите се негативци.
Глоговац претходно го одби филмот на Анџелина Џоли.
– Кога сфатив дека се работи за уште еден проект во кој Американците нас ќе ни раскажуват што се случувало додека ние ја преживувавме војната, а притоа немаат врска за суштински работи, се заблагодарив на соработката – изјави Глоговац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.