| четврток, 6 декември 2018 |

Моите деца нема да видат ниту цент од 80-те милијарди долари кои ги заработив

Еден од најбогатите луѓе на светот, Билј Гејтс изјави дека неговите деца нема да видат ниту цент од неговото богатство когаа тој ќе почине. Шефот на „Мајкрософт“ откри дека богатството кое се проценува на 80 милијарди долари ќе го донира во добротворни цели.

Гејтс тврди дека има три деца и дека сите ја почитуваат неговата одлука.

– На моите деца им осигурав одлично школување, им дадов шанса сами да направат големи кариери. Се разбира, добиваат и малку пари, но уверен сум дека сами се способни да заработат доволно за живот – изјави тој.

Гејтс изјави дека е лошо ако децата се навикнат на големо богатство.

– Тие велат дека се горди на мојата одлука. Посебно што овие пари ќе им помогнат на децата ширум светот да се образуваат и да живеат поздраво. Парите и така служат за помагање на најсиромашните. Моите деца тоа го знаат и потполно ја разбираат мојата одлука – вели Гејтс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top