Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ денеска со граѓаните од Валандово оствари средби и поразговара за актуелната политичка состојба, за изборите кои следуваат и за реализираните мерки.
-Дискутираме за тоа како да се спротивставиме на планот на Заев и на СДСМ за редефинирање на државата. Заев има план за редефинирање, за да го оствари тој план, тој ќе ветува се и сешто. Ќе ветува поголеми плати, поголеми пензии, ќе ветува повеќе вработувања, ќе ветува се и сешто само да дојде во позиција само да го оствари неговиот план за редефинирање на државата. Сето тоа што ќе го вети, и самиот знае, а уште подобро граѓаните знаат дека е лажно ветување и ветување кое што не може да го реализира. Ќе ветува вработувања и ќе оствари онолку вработувања колку што оствари во зоната која што ја најави во Струмица. Ќе ветува повисоки плати, а ќе даде повисоки плати онолку колку што им дава високи плати во неговите компании. Ветува високи минимални плати, ветува високи просечни плати, а во исто време во компаниите кои што се во негова сопственост е многу далеку од таа висина која што ја ветува на сите граѓани на државата. Од тоа се гледа лицемерноста, од тоа се гледа лажното ветување, и од тоа се гледа дека сите ветувања кои што ги дава немаат за цел да бидат остварени, туку имаат за цел само, да го доведат во позиција, да го оствари планот за редефинирање на државата. Ние заедно со граѓаните од Валандово ќе се спротивставиме на тоа и на наредните избори одговорот ќе го добие и Заев и СДСМ и сите негови лажни ветувања. А, тоа ќе биде 63 пратеника за ВМРО ДПМНЕ, изјави Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.