Предолго време опозицијата, предолго време Социјалдемократскиот сојуз си играше со сите нас. Социјалдемократскиот сојуз треба да сфати дека македонските национални интереси не се на продажба, порача Елизабета Канческа Милевска која денеска имаше средбата со жителите на Сопиште.
Според неа, изборите на 11 декември се од круцијално значење за иднината на нашите граѓани, за иднината на нашата држава.
-Дека од другата страна го имате македонскиот народ кој што во секое време и секогаш ќе ги брани интересите и интегритетот и суверенитетот на Република Македонија. Имавме можност во овој период на една деструктивна криза, да ги видиме нивните лажни ветувања, нивните манипулации, нивната деструктивна политика и уништување и посегнување по нашите историски културни вредности, нивните декларативни заложби и лажни ветувања, така да во овој период како и досега енергијата и силата што ВМРО ДПМНЕ ја добива е токму од граѓаните. Добиваме голем поддршка, голема енергија, голема сила да продолжиме со политиката, со нашата политика на посветеност, на отчетност во работењето, на промоција на сите оние проекти кои што заеднички ги реализиравме, како и сите оние проекти кои што ќе се најдат во новата програма на ВМРО ДПМНЕ. Имаме со што да се пофалиме, имавме големи резултати на секое поле, ќе споменам неколку значајни резултати, а тоа е стапката на намаленост на невработеноста од 48 проценти на 24 проценти, огромен број на вработувања, над 160 илјади вработувања низ целата наша држава, голем број на субвенции во земјоделието огромен број на реализација на голем број на проекти во делот на инфраструктурата, патиштата, инфраструктурни проекти, изградба на огромен број на проекти и во областа на културата, како никогаш досега, огромен број на проекти во образованието, кажав и земјоделието, здравството, така да нашите резултати се видливи, аргументирани и може да се споредат со како што кажав и на почетокот со лажните ветувања, со декларативните заложби на Социјалдемократскиот сојуз кој што морам да кажам дека и во овој период продолжува со таа деструктивна политика. Но сепак, на 11 декември ВМРО ДПМНЕ уште еднаш ќе ја потврди својата огромна победа со освојување на 63 пратеници, се со цел да продолжиме да работиме за интересите на нашите граѓани за нивните барања, за огромен број на проекти, пред се за интегритетот и суверенитетот на нашата држава – истакна Канческа Милевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Албанскиот театар добива комплетно нов лик – Реконструкцијата завршува до крајот на годинава
-
Министерката за култура се сретна со членовите на мисијата за мониторинг на УНЕСКО
-
Канческа-Милевска: Изнесување постизборна платформа од друга држава е државен удар
-
Канческа-Милевска: Потребни се заеднички ставови кога се работи за државни интереси