| четврток, 6 декември 2018 |

Бегалец пристигнал во Германија со своите четири жени и 23 деца, добива неверојатно голема социјална помош!

Бегалец од Сирија кој што имал 4 сопруги и 23 деца предизвика жестока реакција на германската јавност откако беше објавено во германските медиуми дека добива социјална помош од неверојатни 360 илјади евра.

Мигрантот за германските медиуми познат само како Газија А. побегнал од Сирија минатата година со своето семејство, пренесува популарниот германски таблоид „Билд“.

Тој сега живеел во Германија заедно со своето семејство, односно со своите четири сопруги и 22 деца, додека во меѓувреме една од неговите ќерки се омажила и заминала да живее во Саудиска Арабија.

germanija-migrant-socijalna-pomos-tocka-2016-02

Според податоците објавени на интернет страницата на Здружението на работодавачи на Германија, откриено е дека неговото семејство би можело да добива над 360 илјади евра социјална помош од државата, но за тоа се уште нема потврда од германските власти.

Според исламската традиција, еден маж може да има и до четири жени, доколку може да се грижи за сите нив и за своите деца.

Со оглед на тоа што во Германија полигамијата е забранета, Газија веројатно веќе има избрано една сопруга да му биде „главна сопруга“, за да може да добие социјална помош. Останатите три жени се сметаат како „пријателки“ на сирискиот мигрант и секако можат да живеат со него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top