„Овој успех на Македонија, во овој период, е веројатно прогласен за ден на жалост во кругот на аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата банда. Секој успех за Македонија е пораз за СДСМ. СДСМ се води по девизата „Kолку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“ и егзистира само со деструкции, кризи и црни транзиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Аболицираниот криминалец Зоран Заев знае дека врвен успех во економијата на неговата партија СДСМ е 94-то место на Дуинг бизнис листата, рекордната невработеност од околу 39%, 684 затворени фабрики, 200 илјади работници оставени на улица.
После десет години Македонија е поинаква земја. Денес Македонија е на високото 10 –то место на Дуинг Бизнис листата на Светската банка меѓу 190 земји во светот, а 5-та по ранк во Европа. Отворени се нови 160 илјади работни места, невработеноста е на рекордно ниски 24%, донесени се десетици странски инвестиции низ цела Македонија.
За напорната работа на создавање што поповолни услови за инвестирање во Македонија, отварање нови работни места, повисок стандард и подобрување на условите за работа и живот, светски реномираните институции јавно упатуваат пофалби за работењето на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
За напорната работа да се создаваат кризи и црни сценарија, земјата да се држи во агонија и за економските мерки како „Евро за Вицето“ и украдените милиони евра, на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ веќе 11-та година граѓаните им забрануваат да се доближат до извршната власт.
Овој тренд ќе продолжи и по 11-ти декември. Граѓаните ќе изберат проекти, дела и просперитет кој го нуди ВМРО-ДПМНЕ, а ќе ги казнат кризите, деструкцијата, лагите и фабрикациите од Индустриските зони за Афери на СДСМ“ се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)