| четврток, 6 декември 2018 |

Паника: Му се слошило на целиот екипаж, морале итно да слетаат! (ВИДЕО)

Прекуокеанскиот лет на „Бритиш ејвејс” од Сан Француско за Лондон, морал принудно да слета, бидејќи му се слошило на целиот екипаж. Авионот слетал во Ванкувер во Канада, а сите 25 членови на екипажот веднаш биле префрлени во болница.
avionnnnn
Неверојатно е дека меѓу заболените немало ниеден патник, туку само членови на екипажот,вклучувајќи и тројца пилоти. Се претпоставувало дека се чувствувале лошо поради некаков чад, но потврда за тоа сè уште нема.

Во болница превентивно биле пренесени и двајца патници, но набрзо биле пуштени откако лекарите заклучиле дека со нив е сè во ред. Во “British Airways” одбиле да го коментираат инцидентот, а дури не сакале ни да ги откријат симптомите на кои екипажот се пожалил.

-Можеме само да потврдиме дека 25 наши работници се пренесени во болница”, рекле од оваа компанија. Авионот „Aирбас“ A380” морал да ја промени рутата по два часа лет и да се сврти кон Ванкувер. Локалните медиуми направиле фотографии кога бројни екипи на итна помош го дочекале авионот.

„Авионот морал да слета откако екипажот се пожалил дека се чувствува лошо. Жал ни е за патниците, ќе им биде обезбедено сместување во хотели и алтернативни летови”, рекле од „Бритиш ервејс” и најавиле истрага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top