В сабота, 29 октомври во 20 часот, Македонската опера и балет ќе ја прикаже балетската претстава „Шехерезада“. Музиката за ова популарно дело е на рускиот композитор Николај Римски Корсаков. Кореографијата за нашата „Шехерезада“ е на познатиот кореограф од Москва: Михаил Крапивин.
Сценографијата на Марија Ветероска, а костимите на Маја Бурсаќ од Србија. Приказната за убавата Шехерезада од познатиот циклус приказни „Илјада и една ноќ“, ќе ја „раскажат“ следните балетски уметници, во главните улоги: Забеида: Ивана Коцевска, Златен роб: Дојчин Дочев (Бугарија), Султан Шахријар: Драган Кочоски и Шах Земан: Киро Павлов.
Со оркестарот на Македонската опера и балет ќе диригира Бисера Чадловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.