| четврток, 6 декември 2018 |

Македонските каратисти подготовени за медали на Светското првенство во Линц

karate

Македонската карате репрезентацијата подготвена го очекува настапот на Светското првенство во австрискиот град Линц. Денеска тројца наши каратисти имаат први настапи во борби еден во кати-поединечно.

Жарко Арсовски веќе има медал од Мундијалите и најавува добар резултат и во Австрија.

– Мислам дека сум добро подготвен, мотивиран сум, не ме интересира ждрепката и протвниците, јас имам своја тактика и ке се обидам да дојдам до добар резултат – изјави за ТВ Нова Арсовски.

Петар Спасеновски и Енес Смајлагиќ исто така денес ги очекуваат првите настапи на првиот ден на мундијалот во карате во Линц. Во женска конкуренција прва утре настапува прилепчанката Поликсенија Јовановска, исто така со големи очекувања за висок пласман.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top