„Девојки кои се мажите… ќе ви биде ли интересно да пишувам на блогот за процесот на планирање на свадбата? Јас сум човек кој навистина не знае ништо за тоа и само еднаш во животот сум била на свадба и ужасно ми се згади.
Ме интересира дали има уште некој како мене, па мислев дека би можело да биде смешно…“, понуди на Фејсбук ќерката на Дино Дворник, Ела, која е позната и многу популарна блогерка, која минатата недела откри дека таа и нејзиниот свршеник Чарлс планираат свадба вгодина во Хрватска.
Нејзината понуда предизвика лавина рекации, од „двапати се мажев, за да го утврдам четивото! И тоа е само стрес!“, преку „на денот на свадбата имав сообраќајка, па ти советувам не седнувај во кола“, до „испланиравме цела листа од Синан Сакиќ, повеќе алкохол, помалку храна! Кум од Германија, зашто има евра, наместо некој близок. Свадбата во некоја биртија, во која не функционира ни вецето, па попрво би се оженил во крематориум“…
Во секој случај, како тргнало, Ела многу ќе дознае, а може до вгодина и да се откаже.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


