| четврток, 6 декември 2018 |

Радванска прифати се да се слика гола и ја налути католичката црква во својата земја

agnes-radvanska

Полската тенисерка Агњешка Радванска се согласи да биде модел на „ЕСПН“ и да одработи фотосесија каде ќе се појави како од мајка родена, но се чини дека со тоа го навлече на Католичката црква во својата земја, на која и таа и припаѓа. Иако фотографиите не се експлицитни, сепак, свештеникот Марек Дзивиецки нејзиното однесување го оцени како неморално.

radvanska

– Срамно е да се промовира менталитет во кој жената е само објект за сексуално задоволство на мажот. Таа е позната тенисерка и идол на младите девојчиња во нашата земја и таквото однесување е едноставно неморално – изјави јавно свештеникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top