| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата ја прекина забавата на навивачите на ПСЖ (видео)

Полицијата ја прекина забавата на Пари сен Жермен, па фудбалерите и тренерот Карло Анчелоти немаа можност да одржат говор пред своите симпатизери. Причина е насилното однесување на обожавателите, кои користеа пиротехнички средства, а направија и неколку инциденти, што беше причина за реакција на силите за безбедност во Париз.

ПСЖ има проблематични навивачи, а дел од нив се декларираат и како екстремни десничари. Имаат две големи спротивставени групи, едната позната како „Булоњски момци“ и втората „Тигрис мистик“, па инцидентите и не беа неочекувани. Инаку, Пари сен Жермен ја слави третата титула шампион на Франција, прва по пауза од 19 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top