Брод, кој плови под тајванско знаме, на кој се наоѓаат 52 лица, гори во Тихи Океан, соопшти утрово јапонската крајбрежна стража, јавија агенциите.
Бродот се наоѓа 510 километри источно од префектурата Ивате, кај градот Мијако. Станува збор за рибарскиот брод „Чин чун“.
Јапонските власти соопштија дека тајванскиот брод се судрил со друг брод, што било причина за пожарот. Засега нема информации за состојбата на другиот брод, ниту за евентуални жртви или повредени.
На местото на несреќата се испратени бродови на јапонската крајбрежна стража. Наскоро се очекуваат повеќе информации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.