| четврток, 6 декември 2018 |

Трифуновски во Корешница: 63 пратеници за стабилна Влада во Република Македонија

Согласно агендата која што ја прави ВМРО-ДПМНЕ за директна комуникација со жителите во сите населени места во Република Македонија, денеска во Демир Капија, во село Корешница,  Цветан Трифуновски разговараше со граѓаните во делот на земјоделството, а граѓаните имаат јасна и недвосмислена порака дека кризата која што владее во Македонија, која што ја предизвикува социјал демократскиот сојуз треба да престане, а претставувањето ќе значи избори на 11 декември со стабилна влада и 63 пратеници.

-Стабилноста во владата ќе значи инвестиции во инфрастуктурата, инвестиции во образованието, во социјалната заштита и пред се поддршка на македонскиот земјоделец. ВМРО-ДПМНЕ досега покажа дека е во фокусот на македонскиот земјоделец, на секој тутуно производител, на секој лозар и сточар и со тоа сакаме да порачаме дека казната која што треба да ја добие социјал демократскиот сојуз на 11 декември ќе биде покажана со масовност на самото гласање, за да се стави крај, бидејќи граѓаните сакаат просперитет, сакаат успешна и напредна Република Македонија, изјави Цветан Трифуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top