| четврток, 6 декември 2018 |

Добива социјално од 360.000 евра – Сириец ја крена Германија на нозе

Migrants walk to board a bus bound for Austria and Germany, next to the Keleti train station in Budapest, Hungary, September 5, 2015. Hungary's government said it would deliver around 100 buses to pick up migrants in Budapest and another 1,200 striding down the main highway to Vienna. Long lines of buses packed with migrants left Budapest bound for Austria on Saturday as Hungary gave in to determined crowds, including many Syrian refugees, who had set out on foot for western Europe in defiance of a right-wing government vowing to stem their tide. REUTERS/Leonhard Foeger

Бегалец од Сирија кој што имал 4 сопруги и 23 деца предизвика жестока реакција
на германската јавност откако беше објавено во германските медиуми дека добива социјална помош од неверојатни 360 илјади евра.

Мигрантот за германските медиуми познат само како Газија А. побегнал од Сирија минатата година со своето семејство, пренесува популарниот германски таблоид „Билд“.

%d0%b3%d0%b5%d1%80

Тој сега живеел во Германија заедно со своето семејство, односно со своите четири сопруги и 22 деца, додека во меѓувреме една од неговите ќерки се омажила и заминала да живее во Саудиска Арабија.

Според податоците објавени на интернет страницата на Здружението на работодавачи на Германија, откриено е дека неговото семејство би можело да добива над 360 илјади евра социјална помош од државата, но за тоа се уште нема потврда од германските власти.

Според исламската традиција, еден маж може да има и до четири жени, доколку може да се грижи за сите нив и за своите деца.

Со оглед на тоа што во Германија полигамијата е забранета, Газија веројатно веќе има избрано една сопруга да му биде „главна сопруга“, за да може да добие социјална помош. Останатите три жени се сметаат како „пријателки“ на сирискиот мигрант и секако можат да живеат со него.

На социјалните мрежи во Германија имаше жестоки реакции поради високата социјална помош која што ја добива мигрантот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top