Десетто место во светот на Македонија, што го објави пред малку Светската банка на нејзината листа Дуинг бизнис, е одлична вест за Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој во моментов е во политичка посета на Велика Британија.
-Постојат многу малку работи во светот во коишто Македонија е на десеттото место, во најдобрите десет. Едно од тие од денеска и официјално, не според кој било, туку според Светската банка, е најдобра бизнис клима мерејќи ги сите земји во светот. Македонија е десетта во светот и на петто место во Европа. Пред нас во Европа се само четири земји: Велика Британија, Шведска, Норвешка и Данска. Нависитна малку работи можат да се најдат каде што сме во првите 10 во светот, а ова е една од поважните работи, затоа што оваа работа е предуслов за отворање на нови работни места а со тоа и зголемување на стандардот на населението, вели Груевски.
Тој додава дека е многу радосен бидејќи тоа е резултат на нивната голема работа и труд во изминатите месеци и години.
-Да потсетам, тргнавме од 94-то место во 2006 година кога бевме на една прилично лоша позиција, секоја година напредувавме со нови мерки и со нови работи и реформи кои што направиа и кои што им го олеснуваат работењето и животот на компаниите во Македонија. Ние не ги делиме дали се домашни или се странски и за сите се трудиме да создадеме што е можно подобри услови и тоа дава резултат секоја година. Секоја година растеме на листата, оваа година дојдовме на 10-то а лани бевме на 12-то, рече Груевски.
На ова многу се работеше, подвлекува Груевски, вложен е голем труд, енергија, време и работа за да се постигнат овие значајни резултати.
-Ова ќе биде одлична препорака за многу инвеститори во светот да дојдат во Македонија и за оние кои што до сега слушнале но немале многу информации. 10-то место што ни го дава Светска Банка во светот и 5-то во Европа кажува многу, заклучува Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)