Апелациониот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда од 19 години затвор за Никола Кузмановски, кому му се судеше за убиство на медицинска сестра. Кузмановски е осуден за кривично дело убиство на бремено лице.
Убиството се случи во јануари годинава околу 19 часот кога медицинската сестра била на дежурство. Дијана била во брак и имала ќерка, но била во љубовна врска со Кузмановски. Таа била бремена, а за тоа знаеле и нејзиниот сопруг и нејзиниот љубовник.
Според обвинителството, смртта на Дијана настапила со задушување со притискање и со затворање со шаката на устата и носот и повреди на вратот. Според одбраната на обвинетиот, пак, смртта настапила како последица на кршење на черепот предизвикан од пад и со задушување. Според нив, тоа бил настан со несреќни околност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија
-
Американски рапер убиен во престрелка