Утревечер, на 26 октомври во 19.45 часот, во чест на големото признание, Орден за заслуги за Македонија, доделен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на НУ Драмски театар Скопје, и во чест на добитникот на Државната награда “23 Октомври” актерот Ванчо Петрушевски, во фоајето на Драмскиот театар ќе се отвори изложба на акварели од Ванчо Петрушевски, соопштија од Драмски.
Орденот за заслуги за Македонија се доделува по повод 70 години од постоењето, а особено за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското драмско творештво, со што дал исклучителен придонес за збогатувањето на македонската култура и за афирмацијата на Република Македонија во светот.
Свечената церемонија ќе се одржи на 26.10.2016 година (среда) со почеток во 11:45 ч. во Свечената сала на Претседателската вила на Водно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.