Германската полиција и специјалите полициски едницци утринава започнале широка полициска акција во 5 германски покраини во која што се уапсени петнаесетинна симпатизери на „Исламската држава“.
Според покраниската полиција во градот Ерфурт германските командоси пребарувале 12 апартмани во овој град. Акцијата започнала рано изутрина а во неа биле пребарани десетици домови при што биле користени и кучиња обучени за потрага по експлозиви, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Акцијата се одвива во покраините Турингија, Хамбург, Северна Рајна Вестфалија и Саксонија. Причините за анти – терористичката перација се информации дека дел од осомничените се подготувувале да спроведат сериозни дела против државата. Според информациите нема конкретна опасност од тероризам туку организирање за придружување на ИД во Сирија и Ирак.
Германските медиуми тврдат дека уапсените се Руски државајни со Чеченско потекло. Еден од нив 28 годишен Чеченец кој е лидер на групата на полицијата и признал дека планирал да се бори за ИД во Сирија. Најголем дел од приведените се млади луѓе на возраст од 21 до 31 година а меќу нив има и неколку жени. Дел од уапсените ќе одговараат за финансирање на тероризам.
Сите осомничени лица се баратели на азил но германската држава сеуште не одговорила на нивните барања а тие во земјата имаат привремен престој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.