| четврток, 6 декември 2018 |

Чувар во УЈП малтретирал 15-годишно девојче

Вчеравечер околу 21.00 часот во ПС Центар, петнаесетгодишно девојче од Северна Каролина, САД, заедно со нејзиниот старател М.М. (39), двете сместени во Скопје, пријавиле дека истиот ден околу 16.30 часот  на ул. „11-ти Октомври“, пред зградата на УЈП непознато лице, вработено како чувар во УЈП, ја малтретирал на јавно место.

Од страна на полициски службеници бил пронајден сторителот со кого бил извршен разговор, по што против истиот е поднесена прекршочна пријава за нарушен ЈРМ со малтретирање на друг на јавно место, член 10 од ЗППЈРМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top