Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе биде подготвен за игра за дерби-натпреварот против Атлетико Мадрид, кој се игра на 19. ноември.
Тој минатата седмица почна со лесни тренинзи, а деновиве работеше со топка и од раководството на клубот најавуваат дека тој ќе биде на располагање на Зинедин Зидан за мечот со „јорганџиите“.
Хрватот е надвор од игра од 18. септември поради повреда на левото колено и неговото враќање во тимот е многу значајно за екипата од Мадрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.