Работната група на еврото дала зелено светло за исплата на транша од 2,8 милијарди евра за Грција, јави грчката државна агенција АНАМПА, повикувајќи се на извори од Еврозоната.
Одборот на директори на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), кој денеска ќе има состанок во Брисел, треба официјално да ја одобри исплата на две подтранши од 1,1 и 1,7 милијарди евра.
Исплатата на подтраншата од 1,1 милијарди евра беше одобрена на состанокот на Еврогрупата на 9 октомври, при што беше утврдено дека Грција во целост ги исполнила сите 15 барања, додека одлуката за 1,7 милијарди евра беше одложена се додека кредиторите не ги добија септемвриските бројки за отплата на државните долгови.
Грција овие податоци ги испрати минатата недела по што претставници на министерствата за финансии на еврозоната дадоа зелено светло за исплата на преостанатите 1,7 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција