| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ќе добие транша од 2,8 милијарди евра

pari

Работната група на еврото дала зелено светло за исплата на транша од 2,8 милијарди евра за Грција, јави грчката државна агенција АНА­МПА, повикувајќи се на извори од Еврозоната.

Одборот на директори на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), кој денеска ќе има состанок во Брисел, треба официјално да ја одобри исплата на две под­транши од 1,1 и 1,7 милијарди евра.

Исплатата на под­траншата од 1,1 милијарди евра беше одобрена на состанокот на Еврогрупата на 9 октомври, при што беше утврдено дека Грција во целост ги исполнила сите 15 барања, додека одлуката за 1,7 милијарди евра беше одложена се додека кредиторите не ги добија септемвриските бројки за отплата на државните долгови.

Грција овие податоци ги испрати минатата недела по што претставници на министерствата за финансии на еврозоната дадоа зелено светло за исплата на преостанатите 1,7 милијарди евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top