Привршува изградбата на булеварот „Србија“, а со тоа населеното место Сопиште ќе се поврзе со населбите Припор, Кисела Вода и Аеродром. Новата сообраќајница, која е долга 860 метри, ќе има четири ленти и средишно зеленило, како и тротоари од двете страни на булеварот. Инвестицијата чини 100 милиони денари.
Проектот за изградба на булеварот вклучува и изградба на кружен тек со дијаметар од 36 метри на сегашната последна автобуска постојка на линијата со број „24“. Кружниот тек ќе има две коловозни ленти со широчина од 4,75 метри, а ќе има и пешачки патеки. Работите на терен викендов ги проверија и владини претставници.
Се очекува дека изградбата на оваа нова сообраќајница значително ќе се намали сообраќајниот метеж во населбата Кисела Вода, а ќе се добие и пократка врска кон Аеродром.
На крстосницата меѓу булеварот „Србија“ и улицата „Христо Татарчев“ ќе има голем кружен тек со дијаметар од 36 метри, кој ќе биде со две коловозни ленти по 4,75 метри, а ќе има и пешачки патеки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откако беа прегазени баба и внуче, општина Аеродром ќе бара ново сообраќајно решение за булевар „Србија“
-
Сопиште два дена без бода поради чистење и хлорирање на резервоарот Добри Дол
-
Делови од Сопиште, Аеродром, Центар и Чаир утре без струја
-
Мицевски до Шилегов: Граѓаните на Сопиште имаат чест, достоинство и крената глава, нешта што нема да ги имате до крајот на животот