Општина Аеродром поднесе иницијатива до Град Скопје за изнаоѓање ново сообраќајно решение на булевар „Србија“ за зголемена безбедност во сообраќајот.
,,Нашите служби реагираа веднаш по немилиот настан што се случи доцна синоќа на овој булевар. Општина Аеродром континуирано работи на зголемување на безбедноста на сообраќајот на улиците што се под нејзина надлежност со цел ги превенира ваквите настани и да ја зголеми свеста кај учесниците во сообраќајот.
Во рамките на овие активности, неодамна беше поставена хоризонтална и вертикална сигнализација пред училиштата „Блаже Конески“, „Александар Македонски“, како и пред клонот „Сонце“ на детската градинка „Бубамара“ во Реонски центар. Исто така, ваква сигнализација моментално се поставува и пред основното училиште „Браќа Миладиновци“, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.