| четврток, 6 декември 2018 |

Нови 1.100 реклами паноа во Скопје

На 1.100 локации во главниот град ќе бидат поставени нови унифицирани рекламни паноа од кои 800 се билборди, 252 сити-лајт реклами и 48 ЛЦД панели.

Новите четири концесионери се „Акцент медиа“, „Скрин-медиа“, Кала плакат“ и „Медиа -С“ со кои градот Скопје ќе се потпише договори на 15 години.

Концесионерите, на претходно прецизираните локации, имаат обврска да ги постават рекламните паноа според добиениот пакет, 200 локации за билборди по 63 за сити лајт и 12 локации за ЛЦД панели.

– За поефикасно менаџирање со билбордите низ градот, одбравме повеќе компании со цел да се овозможи конкуренција во цените на рекламирање, поточно да нема монопол при изнајмувањето рекламен простор, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top