| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќа во Скопје, настрада дете што чисти ветробрански стакла на автомобили

Во сообраќајна несреќа на раскрсницата на булеварот Партизански одреди со улицата Феанклин Рузвелт, позната како Симпо, настрада дете.

Според очевидци, детето кое на пешачки премин било удрено од возило марка ауди, кое се движело во правец од центарот кон Карпош.

Детето било на воздраст околу 15-тина години, ромче, а на раскрсницата ги чистело ветробранските стакла на автомобилите.

На местото трае увид од страна на МВР, а повреденото дете веднаш било однесено на една од скопските клиники.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top