Пејачот на британската поп-група Дед ор алајв (Dead or Alive) Пит Бернс почина на 57 години од срцев удар. Во соопштението на неговиот менаџмент се наведува дека со голема тага ја објавуваат веста дека ненадејно починал.
Бернс имаше голем хит во 1985 година и во 2006 г. се појави во британкиот „Голем брат“ за славни личности. Освен по хитот познат е и по тоа што има направено преку 300 пластични операции. Во почетокот изјавуваше дека започнал со операции за да ја отстрани лошата интервенција на лицето, но во еден момент сето тоа излегло од контрола.
Без разлика на се, без хитот на неговиот бенд и ден денес не може да се замисли ниту една подобра журка.
Транвеститот Пит Бернс во псоледните години во Англија беше учесник на речиси сите реални шоуа, а остана забележан по капутот од мајмунска кожа со кој се појави во „Големиот брат“, а полицијата му го заплени, зашто е забранет увоз на вакви производи во Велика Британија.
Во врска со смртта на Бернс, Бој Џорџ напиша дека неизмерно жали за смртта на „еден од нашите најголеми и вистински ексцентрици“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)