| четврток, 6 декември 2018 |

Вознемирувачки: Објавена снимката од падот на авионот на Малта

На социјалните мрежи се појави снимка од падот на авионот на Малта, во кој загинаа пет лица, француски државјани. На снимката која на Фејсбук ја објави Лоран Азопарди се гледа дека авионот неконтролирано се спушта и удира во тлото, по што избива голем пожар.

Францускиот министер за одбрана Жан-Ив Ле Дријан соопшти дека при падот на авионот настрадале тројца функционери од тоа министерство и двајца приватни претприемачи. Како што наведе, авионот тргнал во извидничка мисија над Средоземното море, но се урнал набрзо по полетувањето на аеродромот во Малта.

avion

Тој додаде дека министерството, на чие чело е, ќе спроведе истрага за причините за несреќата, пренесува Ројтерс.

Во првичните извештаи, медиумите пренесоа дека се работи за летало во кое биле официјални лица на граничната агенција Фронтекс, што подоцна е демантирано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top