Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски денеска оствари средби со граѓани во Тетово, каде што стана збор за досегашната имплементација на програмата на ВМРО-ДПМНЕ, како и со проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Тетово.
-Тука сме и да поразговараме и за следните приоритети кои што како партија и Влада ќе ги имаме во периодот кој следи. Сето тоа на еден начин да го заокружиме со една голема победа на 11 декември кога народот ќе го даде вистинскиот одговор на деструкцијата која што две години ја креираше опозицијата и го измачуваше народот. Ние сме решени дека на 11 декември со најголемата поддршка на народот ќе успееме да победиме и да оствариме историска победа, да обезбедиме 63 пратенички места заради понатамошна имплементација на целите и приоритетите на партијата, додаде Ристовски.
На тој начин, додаде Ристовски, ќе обезбедиме стабилна Влада која на еден начин ќе обезбеди продолжување на сите реформи кои што ќе значат развој на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Обид за убиство во Тетово
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките
-
Пред сендвичарница во Тетово го прободел со нож: Момчето е итно пренесено во Скопје
-
Зошто некој сакаше успешна акција на специјалците во МВР да остане незабележана?