| четврток, 6 декември 2018 |

Програмата на „За подобра Македонија“ ветува раст на економијата и поголеми инвестиции

Коалицијата „За подобра Македонија“ денес одржа работен состанок на кој се разговараше за претстојните избори на 11 декември.
Како што истакна Владанка Авировиќ од СПМ, на состанокот биле дефинирани последните припреми.

-Ги зацртавме главните стратегиски точки, а тоа е да имаме демократски и фер избори. Сите граѓани на Македонија да изберат која програма е подобра, да изберат програма која носи раст на економијата, да изберат програма која значи намалување на невработеноста, да изберат она што значи поголем придонес на малите и средни претпријатија и бизнисот во Македонија и главната стратегиска определба- мирни, фер и демократски избори како што и доликува на Македонија. СПМ продолжува во оваа коалиција да го дава својот придонес, со своите програми, активно вклучување на главната програма која сите набрзо ќе ја осознаат. Таа програма ветува раст на економијата, подобар живот за граѓаните, подобра инфраструктура, поголеми инвестициски проекти и сето тоа за подобар живот на граѓаните, рече Авировиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top