Подготвени сме за силна и голема победа која што ќе обезбеди стабилност на Република Македонија, економски просперитет на граѓаните независно од нивната етничка или верска провениенција и победа која што ќе обезбеди државата да излезе од оваа криза во која што ја донесе опозицијата.
Тоа го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“.
На средбата, како што истакна, се разменети информации и гледишта околу партиската подготовка за претстојните парламентарни избори закажани за 11 декември годинава.
Партијата и коалицијата, посочи Груевски, се подготвени за победа која што ќе овозможи државата да застане цврсто и стабилно и да продолжи по патот на економскиот просперитет, зачленувањето во НАТО и ЕУ и по сите други стратешки приоритети кои ги имаат зацртано.
– Како партија и како коалиција сме подготвени во секој поглед. Програмата веќе ја затвораме, последните работи се прават, деновиве и таа ќе се затвори. На терен сме максимално присутни во комуникација со граѓаните и сите оние други работи коишто се потребни за една изборна кампања ги подготвуваме и се во динамика што ги исполнува сите рокови, изјави Груевски.
На претстојните избори, потенцираше Груевски, граѓаните дефинитивно ќе имаат можност да изберат помеѓу нас коишто работиме, испорачуваме резултати и ветување, градиме, создаваме дела, правиме реформи и го подобруваме животот во секој поглед, и оние коишто знаат и се најдобри, како што рече, „во сплеткарошење, манипулации, правење разни интриги и чија што главна платформа е деструкцијата“.
-Народот ќе има добар избор, па нека избере, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)