| четврток, 6 декември 2018 |

Карлеуша го опсипа со бакнежи, Лукас му честита, Ристе од Македонија го крена Гранд на нозе (Видео)

Прво се претстави со песната „Страх ме да те сањам“ од Џенан Лончаревиќ, а потоа со песната „По тебе“ од Тоше Проески, па жирито не можеше да одолее и да не стане на нозе при изведбата на овој Македонец.
riste-karleusa-640x359
На лично му честиташе Јелена Карлеуша уште од минатата сезона на шоуто, а на вчерашниот настап дури два пати дојде до него за да го бакне и гушне. Исто така, лично му честитаа и Аца Лукас и Марија Шерифовиќ, па според симпатиите кои жирито ги има кон Ристески, можеби оваа сезона победник на шоуто ќе биде токму овој Македонец.

Во продолжение, слушнете ги изведбите на Ристески, како и коментарите на жирито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top