Падна авион на Малта утринава и во несреќата загинаа пет лица, јавуваат светските медиуми. Несреќата се случила околу 7.20 утринава, во близина на аеродромот Луѓа, на Малта. Сведоци трврдат дека мал авион паднал веднаш по полетувањето и дека се запалил по ударот.
– Полета, наеднаш се сврте на десна страна и се заби во земја изјави очевидец.
Спасувачките служби веднаш дошле на местото на настанот.
– Не веруваме дека некој преживеал – изјавија од безбедносните служби.
Сите летови на аеродромот се прекинати. Нема службени информации за авионот и за членовите на екипата, но медиумите на Малта информираат дека авионот бил изнајмен во Луксембург, но во него биле припадници на „Фронтекс“ – агенција на Европската унија задолжена за сигурноста на надврешните граници кои патувале за Либија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)