| четврток, 6 декември 2018 |

Станува неизвесна екстрадицијата на осомничените убијци од масакрот кај Смилковското езеро?

фото Канал 5

Првообвинетиот Алил Демири сакал да биде екстрадиран од Косово за да докаже дека е невин, тврди неговиот брат Кезмедин Демири кој денеска беше сведок во Монструм. Алил ова му го кажал кога бил да го посети во затвор каде трет месец е во екстрадиционен притвор, јави Канал 5.

Но дали и кога ќе бидат екстрадирани Исмаиловиќ и Демири станува се понеизвесно. Судскиот процес за оружјето кој треба да почне  на почетокот на јуни во Приштина може да ја одолговлечи екстрадицијата. Процесот може да биде закочен ако осомничените поседуваат косовско државјанство. Македонија и Косово немаат потпишано договор за екстрадиција на сопствени државјани потврдуваат од министерството за правда. За шпекулациите дека Демири и Исмаиловиќ можеле да извадат косовски документи, роднините и адвокатите ниту потврдуваат ниту негираат.

Демири раскажа во судница дека и тој бил уапсен во акцијата монструм во домот на неговите родители во Арачиново, но подоцна бил пуштен поради алибито. Во времето кога се случило 5- кратното убиство како вработен во армијата бил дежурен во касарната Илинден. Потврди дека му се јавил на 5то обвинетиот Рами Сејди да го предупреди дека има полициска патрола на влезот на Арачиново но тоа како што рече го направил единствено од причина да не го казнат бидејќи  автомобилот не му бил регистриран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top