фото Канал 5
Првообвинетиот Алил Демири сакал да биде екстрадиран од Косово за да докаже дека е невин, тврди неговиот брат Кезмедин Демири кој денеска беше сведок во Монструм. Алил ова му го кажал кога бил да го посети во затвор каде трет месец е во екстрадиционен притвор, јави Канал 5.
Но дали и кога ќе бидат екстрадирани Исмаиловиќ и Демири станува се понеизвесно. Судскиот процес за оружјето кој треба да почне на почетокот на јуни во Приштина може да ја одолговлечи екстрадицијата. Процесот може да биде закочен ако осомничените поседуваат косовско државјанство. Македонија и Косово немаат потпишано договор за екстрадиција на сопствени државјани потврдуваат од министерството за правда. За шпекулациите дека Демири и Исмаиловиќ можеле да извадат косовски документи, роднините и адвокатите ниту потврдуваат ниту негираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“